Ламин Јамал имаше мирен и тивок натпревар на „Сантијаго Бернабеу“, нешто што е целосен контраст од она што го најавуваше за „Ел Класико“ дербито во изминатите неколку дена. Младата ѕвезда на Барселона внесе дополнителен жар во натпреварот со своите потценувачки и провокативни изјави на сметка на Реал, а неговите заклучоци дека „кралевите“ се познати по крадењето и жалењето кај судиите, денеска му се удрија од глава. Јамал беше целосно безопасен ...
Ламин Јамал се најде во центарот на вниманието во најавата за „Ел Класико“ и со своите „солени“ изјави направи да биде главна мета на играчите на Реал Мадрид по последниот судиски свиреж на Сото Градо, бидејќи по победата од 2:1, неколку домашни фудбалери се залетаа кон талентираниот играч на Барса. Иако посебен впечаток остави конфликтот меѓу Ламин и Винисиус Жуниор, целата ситуација беше иницирана од Дани Каравахал и Тибо Куртоа, а Френки Де ...

