Охрид, 17. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид, во четврток, на 21-ви август 2025 година, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи концертот насловен „Времеплов“. Ќе се претстават мецосопранот Миланка Новеска, сопранот Тина Ристеска и музичкиот соработник Ана Велиновска. Влезот за сите посетители е слободен. Концертот „Времеплов“ ќе има можност да го проследи и публиката во Скопје, во понеделник, на 25-ти август ...
Oперската пејачка Миланка Новеска- Густавсон која живее во Шведска ќе одржи два концерти во Македонија. Во родниот Охрид, Новеска ќе пее заедно со нејзината колешка, сопранот Тина Ристеска во црквата „Св. Софија“ утре (21 август) од 20 часот. Во Скопје, таа ќе одржи концерт на 25 август во Салон „19:19“ во 19:19 часот. „Охрид е мојот корен, а ‘Св. Софија’ е голема инспирација. Јас не само што пеам, туку и живеам преку музиката. Чувството да ја ...