Црвениот килим е подготвен за филмската магија на „Утре наутро“ , премиерна проекција на најновото дело на Јани Бојаџи кое ќе блесне на големото платно во Синеплекс, поради големиот интерес филмот ќе се прикажува истовремено во три кино сали. Станува збор за политичка драма полна со низвесност и интриги, инспиририна од случувања на и по 27 април 2017-та година, ден што засекогаш ја смени македонската современа историја. Судир меѓу идеалите и ...

Филмот „Утре наутро“ во режија и по сценарио на Јани Бојаџи ја доживеа својата премиера завчеравечер пред публика што исполни четири сали во „Синеплекс“. Комплетната екипа на филмот се поклони пред публиката во салите, а веќе започна целосна дистрибуција и низ Македонија (Штип, Велес, Богданци, Струга и Крива Паланка). Главните улоги ги толкуваат Нина Деан и Ирена Илиевска, а останатите – Гоце Андонов, Јана Никодиновска, Кети Дончевска Илиќ, ...

Аплаузи, овации, емоции. Воодушевување кај публиката на премиерата на „Утре наутро“ која поради огромниот интерес истовремено наполни четири кино сали во Синеплекс. Приказната инспирирана од 27 април и настаните кои следуваа потоа, спакувана во нешто над два часа, никого не остави рамнодушен. „Одлично, прекрасно. Мене ми е за прв пат да гледам филм на маестро Јани Бојаџи и воодушевен сум и од приказната и од фотографија, од музиката која беше ...