По Лепа Брена во Охрид и Цеца во Крива Паланка изминатиот месец, најавен настап на уште една музичка ѕвезда од екс-ју просторите во Македонија. Дино Мерлин на 20. септември (сабота) доаѓа во Штип за незаборавен концерт пред повеќе од 100.000 посетители по повод претстојната манифестација која е бренд на градот - Штипска пастрамалијада, најавуваат организаторите. Со него на сцената ќе блеснат и македонските музички ѕвезди Елена Ристевска и Владо ...
Претстојниот викенд сите патишта водат кон Штип - градот што ќе пулсира во ритамот на музиката и традицијата. Се очекува бројката на посетители на овогодинешната „Пастрамалијада“ на која главна ѕвезда ќе биде Дино Мерлин да надмине 100.000! Музичкиот дел на манифестацијата започнува во сабота во 19:30 часот, а на сцената ќе блеснат и македонските музички ѕвезди Елена Ристевска и Владо Јаневски. Туристичките агенции веќе излегоа со понуди за ...

