Германија и неколку други европски земји соопштија денес дека ги суспендираат одлуките за барањата за азил на сириски државјани поради нејасната ситуација во Сирија по падот на Башар ал Асад. Германската Федерална канцеларија за миграции и бегалци соопшти дека моментално на чекање се повеќе од 47.000 барања. Соопштено е дека ќе се преиспита ситуацијата и дека ќе продолжат со донесувањето одлуки кога ситуацијата во Сирија ќе се стабилизира. ...

Грција го стопираше процесирањето на барањата за азил од сириските државјани по падот на режимот на Асад, што влијаеше на околу 9.000 апликанти, јави денеска „Катимерини“. Нема официјално соопштение од грчката влада. Владини извори за „Катимерини“ изјавија дека Министерството за миграција ја проценува ситуацијата и се очекува во петок да објави официјално соопштение. Оваа одлука доаѓа во време на големи политички промени во Сирија. Во ...