Помор на риби во река Брегалница кај Пенуш. Рибари кои во текот на вчерашниот ден отишле на реката забележале дека таа имаа млечно бела боја и тешка миризба, а рибите се бореле за живот. Ваквата слика се забележува и претходно велат рибарите, па бараат надлежните да излезат на терен и да расчистат ситуацијата со што ќе се заштити животинскиот свет. „Сликата беше – реката цела млечно бела, помор на риби, странично се гледаше рибата како се бори ...
Штипски рибари кои биле на риболов на реката Брегалница кај селото Пенуш, Штипско, сигнализираат дека неколку часови по риболовот наеднаш во реката почнала да тече млечнобела течност и многу брзо во ревирот каде тие рибареле се јавил помор на риба. „Ние рибараме со дозволи и на спортски начин, а инспектори кога доаѓаат на терен нас нè малтретираат и ни бараат секаква документација, а за вакви случаи како што е овој со поморот на рибата нив тоа ...