Официјално почнаа активностите за реконструкцијата на кровот на СОУ Гимназија Славчо Стојменски во Штип. Работите се одвиваат во дворот на гимназијата, каде е обезбедено соодветно сообраќајно решение за достава на градежниот материјал. Градоначалникот Иван Јорданов, рече дека паралелно се работи и на реконструкција на училишната спортска сала во ОУ Тошо Арсов, каде што градежните активности се во полн ек. Како што информираше тој, во текот на ...

ЈП Водовод Охрид започна со реконструкција на дотраената и оштетена азбест-цементна (салонитна) водоводна линија на улица “Воденичарска” во с.Велгошти. Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува комбиниран цевковод од полиетиленски материјал, вклучувајќи и преприклучување на постоечките објекти со целосно нови приклучоци во должина од 218 метри и тоа: профил ф225 мм во должина од 140 метри, профил ф63 ...