Продолжува предизборната кампања за локалните избори. Партиските карвани и независните ги претставуваат своите програми во обид да ги добијат гласовите од граѓаните. Под мотото „Се бориме за нашиот дом“, СДСМ денеска ќе одржи собири во Желино, Теарце, Тетово и Јегуновце. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата настапуваат под мотото „Вистинскиот избор-твојот човек, твоето место, за твојата иднина“. Денеска имаат собири во Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево и ...

Како се наближува денот на гласањето за прв човек во општините и за советници, така се интензивираат изборните активности. Реториката сè пожестока. Меѓусебните обвинувања меѓу власта и опозицијата продолжуваат. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ денеска на средби со граѓани и митинзи во Пробиштип, Кратово, Ранковце и во Крива Паланка. СДСМ и коалицијата својата програма ќе ја претстават пред членството и симпатизерите во Сарај, Чаир, ...

Кандидатите за градоначалници и советници од владејачките партии кои учествуваат на локалните избори ја продолжуваат кампањата. На терен со митинзи и средби со граѓаните. Во трка за доверба на граѓаните ги презентираат предизборните програми, ја претставуваат својата визија и очекувања за подобри локални самоуправи. Под мотото „Се бориме за нашиот дом“, СДСМ денеска ќе одржи собири во Зрновце, Чешиново- Облешево, Виница и Кочани. Коалицијата ...

Се интензивира изборната кампања за локалните избори пред молкот што започнува во петок на 17-ти октомври на полноќ и гласањето на 19-ти октомври. Партиите и коалициите продолжуваат со митинзи и средби со граѓаните. Кандидатите за градоначалници во трка за доверба на граѓаните. Ги презентираат предизборните програми, ја претставуваат својата визија и очекувања за подобри локални самоуправи. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе биде ...