Со овој успех не испишаа само своја, туку светска историја бидејќи станаа најмалата земја која ќе учествува на Мундијал. Зеленортските Острови имаат вкупна површина од 4.000 квадратни километри и го надмина Тринидад и Тобаго (5.000 квадратни километри) кој учествуваше на Мундијалот во 2006 година. Освен тоа, африканската репрезентација стана најмлада што ќе учествува на светските првенства бидејќи првпат играше во квалификациите во 2006 година. ...
Но, турнирот би можел да влезе во историјата и по уште еден куриозитет. Имено, по цели 88 години, првпат по Мундијалот во 1938 година можно е на исто Светско првенство да настапат национален тим и селекција од неговата прекуокеанска територија. Франција, која речиси сигурно ќе избори директен пласман на шампионатот, би можела да го дели големото натпреварување со својата прекуокеанска територија, Нова Каледонија. Оваа селекција, како вицешампион ...

