Доајените на македонската народна песна, Ефто Пупиновски и Блага Петреска, беа наградени на 26-тото издание на „Златна бубамара на популарноста“. Синоќа, на сцената во „Борис Трајковски“, ним им беа доделени специјалните награди за животно дело. „Благодараност до убавата македонска песна, која нè поддржува и во доброто и во злото и е наша духовна храна. Да живее нашата убава македонска песна“ – рече Ефто во својот говор, а Блага додаде „Песната ...
На синоќешната манифестација „Златна бубамара на популарноста“, Блага Петреска освои награда за животно дело, но измами и огромен број комплименти. Талентираната пејачка самоуверено зачекори на сцената во црн стајлинг и докажа дека умее да плени со елеганција и во осмата деценија од животот. Темниот фустан со волуменозни ракави и панделка на деколтето таа го надополни со високи ракавици и блескав накит. Познатата 75-годишна прилепчанка со ...