Роберто Мартинез повторно има селекторска работа, откако денеска и официјално беше назначен на клупата на Португалија. Само неполн месец откако го напушти кормилото на Белгија, Мартинез сега ќе води уште една силна репрезентација. Мартинез доаѓа на местото на Фернандо Сантош кој долго време беше селектор, но неговата репрезентација потфрли на Мундијалот во Катар, испадна од Мароко во 1/4 финалето, и отказот беше неминовен. „Почестен сум што ќе ...
Стивен Џерард е најзвучното име што се поврзува со селекторската функција во Полска откако оваа репрезентација остана без кормилар по завршувањето на СП во Катар. Чеслав Михниевич очекувано не доби продолжување на договорот иако обезбеди пласман во нокаут фазата од мундијалот, критикуван поради предефанзивната тактика во која до израз не можеше да дојде најдобриот полски фудбалер, Роберт Левандовски. Џерард е без ангажман откако доби отказ во ...