Бугарските судови продолжуваат да одбиваат регистрација на македонски организации со истите мотиви и методи, за кои постојано се осудуваат од ЕСЧП и Комитетот на министри при Советот на Европа. Одбивањата на бугарските судови за спроведување на пресудите на ЕСЧП и регистрација на македонските здруженија, секогаш се засноваат на „вечниот“ изговор – непостоење на малцинството. Официјалната политика и институциите во Бугарија не отстапуваат од ...
Минатата година, шест македонски организации залудно се обидоа да се регистрираат и добија вкупно најмалку 19 одбивања. Две од нив, кои добија случаи во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), добија по 5 одбивања: Друштвото на репресирани Македонци во Бугарија – жртви на комунистичкиот терор и ОМО „Илинден“. Другите четири се: Здружението за заштита на основните индивидуални права, чија регистрација беше отповикана (2), Македонскиот културен ...