Денеска со почеток од 18 часот, во славната “Ланксес Арената“ во Келн, каде Вардар во 2017 и 2019 ја освои Европа, во финалето на Ф4 во Лигата на Шампионите се среќаваат Фуксе Берлин и Магдебург. Ова ќе биде прво германско финале во Келн после 11 години, откако во 2014 година Фленсбург го совлада Кил со 30:28. Секако дека и двете екипи заслужено се изборија за завршниот меч во ЛШ оваа сезона, откако вчера во полуфиналето славеа против Нант и ...

Магдебург после две години се врати на тронот во Европа. Во германското финале во Лигата на шампиони го совлада Фуксе Берлин со 32-26 за петта титула во ова натпреварување. Фуксе Берлин не успеа да испише историја и покрај тоа што во составот го има еден од најдобрите ракометари на денешницата. Матијас Гидсел на крајот доби награда за најдобар стрелец за сезоната 2024/25 во која постигна 131 гол. Доста интересно е што од 2023 година сите ...