Аеродромот во Вилнус утрово повторно е отворен по неколкучасовна блокада во текот на ноќта, предизвикана од појава на балони кои, според сомнежите, биле користени за шверц на цигари од Белорусија, соопшти Националниот центар за управување со кризи. Според властите, поради прекинот биле погодени околу 30 летови, пренесе литванската телевизија „ЛРТ“. Досега се пронајдени најмалку пет балонски цилиндри и околу 7.000 пакувања шверцувани цигари, а ...

Аеродромите во Вилнус и Каунас во Литванија беа затворени вечерва поради метеоролошки балони што пристигнале од Белорусија, соопшти литванското министерство за транспорт, по третото такво нарушување на сообраќајот овој месец, објавува Ројтерс. Авијацијата во европската област беше во хаос неколку пати во последните недели поради регистрација на беспилотни летала и други воздушни упади, вклучително и на аеродромите во Копенхаген, Минхен и ...

Литванија привремено го затвори аеродромот во Вилнус откако десетици балони со кои се шверцуваат цигари влегле во воздушниот простор на земјата, објави Националниот центар за управување со кризи. Прекинот траел осум часа, поради што биле откажани 30 летови, што погодило околу 4.000 патници, кажаа од аеродромот. „Работата на аеродромот беше прекината поради метеоролошки балони со кои се шверцуваат цигари од Белорусија. Поради ова беше затворена и ...