Во меч од 6.коло во ракометната Лига на Шамиони, вечерва Пелистер доживеа нов пораз, и тоа на гости од Магдебург со 36:26. Може да се каже дека ова е очекуван пораз ако се знае дека Магдебург е европски шампион и е некој друга димензија во ракометот и не само за нашиот шампион. Ракометарите на Пелистер се трудеа колку што можеа, на моменти одиграа и навистина добро, но сепак на крајот Германците во целост ја оправдаа улогата на голем фаворит. ...

Ракометарите на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер вечерва претрпеа пораз 36:26 на гостувањето кај европскиот првак Магдебург. Домашниот тим ја потврди фаворитската улога и остана единствената непоразена екипа во групата, додека битолчани се на претпоследното место со една победа во првото коло против Загреб. Резултатска неизвесност имаше до средината на првиот дел кога Магдебург имаше гол предност, а последен пат беше 8:7. По овој резултат ...