Почетокот на дербито на двата поранешни шампиони, Шкендија и Шкупи, почна во знакот на два комични автогола. Во петтата минута Шкупи неочекувано поведе. Кадриу мина по левата страна, убаво нафрли по земја, Мерџани стигна пред Ибиши, но интервенираше несмасно и ја погоди сопствената мрежа (0-1). Минута подоцна лидерот на ист начин возврат – со автогол. Бесарт Ибраими продре по десната страна и центрираше, се сплеткаа дефанзивците на Шкупи и Гуеје ...
Лидерот Шкендија неочекувано ремизираше на домашен терен од Шкупи не успеа да побегне на врвот на табелата. Дуелот од 29. коло на ПМФЛ заврши 3-3 (1-3), но со оглед на тоа што Силекс само ремизираше со Струга, разликата меѓу двете водечки екипи остана четири бода. Јетон Беќири го повтори тимот кој славеше на теренот на Беса пред осум дека и Тамба и Латифи му беа поддршка на капитенот Ибраими. Чаирчани среде голема резултатска криза допатуваа во ...