Со факели, музика и со патриотски песни, вечерва пред главниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје пристигна кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Неговото пристигнување беше пречекано со громогласен аплауз и скандирања од симпатизерите и поддржувачите на партијата, кои веќе неколку часа се собираат пред штабот за да ја прослават изборната победа, која е сѐ поизвесна. Препорачано Пред штабот е поставена голема бина, а ...

Дел од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои уште во првиот круг ја обезбедија својата победа, вечерва пристигнаа во главниот партиски штаб во центарот на Скопје за да му дадат поддршка на извесниот победник Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје. Препорачано Пред штабот веќе е поставена голема бина, а стотици поддржувачи со знамиња и факели го поздравија доаѓањето на Ѓорѓиевски, додека низ звучниците се слушаа ...

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и новоизбран градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва беше пречекан со факели и овации од своите поддржувачи пред Триумфалната порта. Со скандирања „Орце, Орце“ и „ВМРО-ДПМНЕ“, симболично помина под Триумфалната порта, каде што беше поздравен од голем број симпатизери. Потоа Ѓорѓиевски се упати кон централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде што продолжи прославата по повод неговата изборна победа. Според првичните ...