Во летниот период значително се зголемуваат количините на комунален отпад што ги собира ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово на дневно ниво, информираат од претпријатието. Според нивните податоци, последниов месец било регистрирано зголемување на собраните количини смет за околу 30 проценти. – Се вратија нашите иселеници и може да забележиме дека сега за 30 проценти е зголемена количината на смет во Куманово. Претходните месеци се собираа над 100 ...
Општина Куманово започна акција за чистење на корито на реката Кумановка, со цел отстранување на отпадот, дивата вегетација и подобрување на протокот на водата. Според градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, ваквите активности се важни за создавање почиста средина и превенција од евентуални поплави. – Работните екипи се на терен и посветено работат за да стане градот побезбеден и поубав – информираше Димитриевски. Тој апелираше ...