Со многу симболичен јавен настан на Преспанскиот регион, во четврток, 5 јуни, официјално ќе започне имплементацијата на проектот BorPres2, кој вклучува воспоставување нов граничен премин меѓу Грција и Северна Македонија во регионот Преспа. Проектот, со вкупен буџет од 7,7 милиони евра, е финансиран од програмата Interreg VI-A IPA Грција-Северна Македонија 2021-2027 и е признат како операција од стратешко значење од страна на Европската Унија. На ...
Од околу два часа колку што е сега потребно да се стигне од Ресен до грчката општина Преспа, со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос, чија изградба и официјално започна од двете страни на границата, времето за патување ќе се намали на 40 минути, јави дописничката на МИА од Атина. Работите во проектот БорПрес2 од македонска страна официјално започнаа во март, додека, пак, вчера во општина Преспа беше означен почетокот и на грчка страна, со ...
Денеска во Лемос, Општина Преспа – Грција, во присуство на министрите за внатрешни работи на Македонија и Грција, Панче Тошковски и Теодорот Ливаниос, амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас, претставници на локалните самоуправи, се одржа настанот „Гранична станица Преспанско Езеро: Воспоставување на граничен премин меѓу Грција и Република Северна Македонија на областа Преспанско Езеро“. Со тоа се означи започнување на БорПрес2 фазата на ...