Раде Шербеџија, една од најголемите ѕвезди на балканската и светска сцена, ја донесе својата магија во Скопје и уште еднаш ја разбуди носталгијата кај публиката. На сцената и овој пат совршено ја спои актерската магија со музиката. Познат по големите улоги во театарот, филмот и телевизијата, по својата харизма, интензивна игра и моќен глас, Шербеџија одново ја покажа својата моќ да ги пренесе најдлабоките чувства на публиката. Сè што прави Раде ...

Трае долго, оваа љубов кон Македонија. Од времето кога бев млад студент на Академија и кога прв пат доаѓав тука, со некои претстави во драмскиот театар „Гавела“. Бев млад стипендист и играв некои улоги за прв пат овде. И така ја запознав генерацијата на моите пријатели… Со Раде Шербеџија, една од најголемите ѕвезди на балканската и светска сцена, зборувавме непосредно пред концертот во Македонската Филхармонија организиран од Авалон. ...