Нов топлотен бран доведе до катастрофални пожари во повеќе европски земји и во голем број туристички дестинации. Европа гори од Мадрид до Чањ, а ситуацијата е критична во многу градови. Во тек се евакуации, а има и една жртва, наведува Танјуг. Разорни пожари беснеат низ цела Црна Гора. Првиот избил кај Чањ, а потоа се проширил во Подгорица, Будва, Бар, Буљарица, каде се раширил од запален автомобил и во текот на денот се приближил до плажата. ...

Илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови бидејќи смртоносните пожари продолжуваат да беснеат низ јужна Европа поради рекордниот топлотен бран. Пожарникарите работеа цела ноќ за да го стават под контрола пожарот во близина на Мадрид, Шпанија. Маж зафатен од пожарот во Трес Кантос, во близина на шпанската престолнина, почина во болница откако претрпе изгореници од 98 проценти. Пожари избувнаа и во неколку шпански региони, ...