Охрид, 17 октомври 2025 (МИА) – Градоначалникот на Дебрца и независен кандидат за трет мандат вечерва упати завршен повик до жителите на Општина Дебрца, в недела да излезат на гласање и да решат не само кој ќе ја предводи општината туку каква ќе биде нејзината иднина. -Во недела излегуваме на уште едни избори – избори на кои не се одлучува само кој ќе биде градоначалник, туку каква ќе биде иднината на нашата општина. Во изминативе години заедно ...

Дваесет дена жителите на Горна Дебрца – Велмеј, Средорчје и околните населени места – беа целосно отсечени од светот, без телефонска линија, интернет и мобилна телефонија. Иако Општина Дебрца и градоначалникот Зоран Ногачески повеќепати писмено реагираа до АЕК, А1 и Телеком, проблемот со прекинот на базната станица остана нерешен. Но, благодарение на иницијативата и личното ангажирање на градоначалникот Ногачески, денес конечно беше ставен крај ...