Десетици демонстранти и неколку полицајци беа повредени вчера откако полицијата интервенираше по официјалното завршување на масовниот студентски протест во центарот на Белград, на кој беше повторено барањето за предвремени избори. Студентите го објавија крајот на нивниот претходно мирен протест неколку минути пред 22 часот, на кој, според проценките на Архивата на јавни собири, се собрале околу 140.000 луѓе. Српскиот претседател Александар Вучиќ ...
Четириесет и осум повредени полицајци и десетина млади студенти, триесетина приведени – епилогот од синоќешните масовни демонстрации во Белград, кои завршија со судир со полицијата. Тензиите ескалирале откако група демонстранти, по крајот на официјалниот дел од собирите, ја нападнала полицијата која интервенирала. Целиот судир траел неколку минути, по што состојбата се смирила. Така е и денеска во Белград, каде низ градот има засилено полициско ...