Албанската државна полиција објави дека само во текот на месец мај биле финализирани 99 полициски операции, од кои 34 од меѓународен карактер. „Уапсени се 625 лица осомничени за кривични дела, додека запленети се 50 парчиња огнено оружје, околу 84 кг канабис, поголема количина кокаин и 2861 семки од канабис. Блокирани се и пари и имот во вредност од околу 415 илјади евра стекнати од криминални активности”, стои во објавениот извештај. Исто така ...

Податоците на Централна банка на Албанија, покажуваат дека дознаките на иселениците, во периодот јануари-март, забележале раст од четири отсто споредено со истиот период минатата година. Според податоците објавени во платниот биланс на банката девизните приливи на иселениците во овој период достигнале 251 милиони евра или девет милиони повеќе во однос на споредбениот период. Италија, Грција, Германија, Франција, Велика Британија и САД водат како ...