Тонино Пицула, известувачот на Европскиот парламент за Србија, денеска реагираше на вербалниот напад на српскиот претседател Александар Вучиќ, во кој тој повторно ја спомена трагедијата на логорот Јасеновац и упати остри критики кон европски претставници. Повод за оваа изјава беше одлуката на Апелациониот суд во Нови Сад да ја префрли професорката Марија Васиќ од психијатриска болница во домашен притвор. Васиќ е обвинета за обид за уривање на ...

„Настапите на Александар Вучиќ стануваат сè побизарни, до степен што тој очигледно ја губи контролата врз одредени сегменти во самата Србија. Секако, сите го обвинуваат Александар Вучиќ за длабоката поларизација во која се наоѓа земјата со месеци. Сите, освен него и луѓето со кои е опкружен“, изјави специјалниот известувач за Србија, Тонино Пицула, пренесуваат регионалните медиуми. Зборувајќи за случајот на Марија Васиќ, која беше уапсена пред ...