Поранешниот дипломат и потпретседател на партијата „Срце“, Душко Лопандиќ, оцени дека резолуцијата на Европскиот парламент за Србија претставува досега невидено остар текст насочен кон властите на една земја-кандидат. Во изјава за Н1, тој рече дека документот е последица на политичката криза и на „црвените линии“ кои, според него, претседателот Александар Вучиќ ги преминал летово, вклучително и построги акции против протести. Како сигнал од ...

Европскиот парламент во средата усвои резолуција за поларизацијата и репресијата во Србија, со која се поддржува правото на студентите и граѓаните на мирни протести, остро се осудува бранoт на насилство под покровителство на државата, застрашувањата и неселективните апсења. Во резолуцијата под наслов „Поларизација и зголемена репресија во Србија, една година по трагедијата во Нови Сад“, се оценува дека српското раководство е политички одговорно ...