Продолжува битка со пожарот кај „Јасен“. Огнените јазици веќе неколку дена голтаат шума, се гасне од небо и од земја. Се користат ер тракторите, ангажирани се специјалците. По драматичната битка со огнената стихија во текот на ноќта, не дозволивме пожарот да го премине шумскиот пат кон селото Брезница, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Благодарение на интервенцијата, воспоставена е контрола врз еден од трите краци на пожарот, ...
На терен има и два хеликоптери кои и покрај лошата видливост поради чадот тие дејствуваат на жешки точки каде што има оган. Непристапниот терен и густиот чад се двете најголеми пречки во гаснењето на пожарот Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов вели благодарение на „пинцгауер“ возилата пожарот не направил размерни штети. На прашањата на граѓаните колкава површина шумско земјиште изгорело, Ангелов рече дека бројките ...

