Вечерва во скопската населба Влае пукна една од главните водоводни цевки, предизвикувајќи голема поплава на неколку улици. Водата навлезе во дворови и подруми, а граѓаните велат дека состојбата е хаотична. Според објави на социјалните мрежи, без вода веќе се делови од Влае, Козле, Карпош 3 и 4, како и Злокуќани. Од надлежните служби сè уште се чека официјален одговор за обемот на штетата и за тоа колку време ќе биде потребно за санирање на ...
Голем дефект на главната водоводна мрежа вечерва ги остави без вода дел од жителите на западниот дел од Скопје. Пукната цевка со профил Ф600 на улицата „Франце Прешерн“ во населбата Влае е причина за прекинот на водоснабдувањето во повеќе населби. Засега без вода се корисниците во Карпош, Ѓорче Петров, Влае и Хром, а од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот. Во моментот не е ...