Поради ширењето на птичјиот грип, САД уништија повеќе од 170 милиони кокошки, што доведе до недостаток на јајца и зголемување на нивните цени. Со цел да ја надминат кризата, американските власти контактираат со европски производители, вклучително и оние од Германија, барајќи зголемен извоз. Германското здружение на производители на живина потврди дека добиле барање од САД, но не открија дополнителни детали. Слични извештаи пристигнаа и од Данска ...
Администрацијата на Трамп увезува милиони јајца од Турција и Јужна Кореја, а другите земји најверојатно ќе придонесат во наредните недели, изјави секретарот за земјоделство Брук Ролинс. „Во моментов, Турција и Јужна Кореја увезуваат јајца. Само вчера разговарав со неколку други земји кои наскоро ќе почнат да увезуваат. Сè уште не сме го потпишале тој договор, па не сакам да кажам за кого станува збор“, изјави Ролинс за новинарите во Белата куќа. ...
Министерството за економија и труд заедно со министерството за земјоделство будно ги следи состојбите со пазарот на конзумни јајца и засега нема потреба од грижа за недостиг. Доколку се укаже потреба, во краен случај, може да се забрани извоз на јајца, изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, одговарајќи на прашањето дали има реална загриженост од недостиг од јајца како што е во повеќето земји, токму пред Велигденските ...