Таму се собра група од неколку десеттици млади луѓе, дел од нив со качулки на главите и маички врзани преку лицето со што го кријат својот идентитет. Тие почнаа да испукуваат пиротехнички средства кон седиштето на СНС по што се разгоре оган во дел од просториите. Набрзо пристигна противпожарно возило, а пожарникарите со помош на дел од демонстрантите го изгасија огнот И вечерва се одржуваат масовни протести во повеќе градови низ Србија меѓу кои ...
Тој посочи дека е повреден еден припадник на Жандармеријата, а уапсени се 18 лица. Според него, најмногу инциденти имало во Ваљево, Белград и Нови Сад, но јавниот ред е воспоставен во сите три града. Во Ваљево биле запалени просториите на Српската напредна партија, но за среќа таму немало луѓе. Демолирани биле и просториите на градската управа, Судот и Обвинителството. На собирот во градот присуствувале околу 4.000 луѓе. Дачиќ нагласи дека за ...

