Германската јавност со голема неверица ја пренесува веста за ненадејната смрт на Андреас Бреме, легендарниот лев бек на Баерн и Интер, но и германската фудбалска репрезентација. Бреме беше човекот кој и ја донесе претпоследната светска титула на Германија, бидејќи неговиот гол од пенал беше клучен за победата на „панцирите“ над моќната Аргентина водена од Диего Армандо Марадона во 1990-та година. Бреме најмногу ќе остане во сеќавање по голот ...

Во 61-та година од животот почина Ристо Ице Ќорнаков (1963-2024), член на легендарната гевгелиска поп-рок група „ЗИЈАН“. Пред еден месец свиреше заедно со своите членови од „ЗИЈАН“ на сцената во МКЦ, создавајќи концертен легендарен повраток на сцената во Младинскиот културен центар во Скопје, сцена која ја освоија еднакво квалитетно како и сите други сцени во Македонија и пошироко во YU просторот. По големата слава со настапите и победите ...