ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице-општина Струга и против одговорното лице М.Ќ.(65) од струшкото село Биџево, поради сторено дело спротивно на член 6, а казнивo по член 11 од Закон за употреба на знамиња на заедниците во Р.С.Македонија. Пријавените, како организатори на настан по повод Денот на aлбанското знаме, што на 28.11.2025 се одржувал на улицата „Маршал Тито“ во Струга, покрај знамето на ...

Казни за Менди Ќура и Општина Струга следуваат поради изоставено државно знаме на централниот настан по повод Денот на албанското знаме во Струга. Наместо заедно со знамињата на заедниците да биде истакнато и македонското знаме, бината и дел од кејот на Црн Дрим на 28 ноември останале без државното знаме, иако тоа е јасно пропишана законска обврска. Настанот се одржал на улицата „Маршал Тито“ во центарот на Струга, со големо присуство на граѓани ...