Николина Андова е родена во Скопје, на 3 февруари 1978 година. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонска и јужнословенска книжевност. Таа е сопруга на македонскиот писател Иван Шопов. Андова пишува поезија и хаику. Во 2013 година ја објавила својата прва поетска збирка „Влезот е од другата страна“, издание на „Темплум“. Со неа, таа ја освоила наградата „Мостови на Струга“. Во 2014 година ја ...

Предраг Павловски е роден на 4 февруари 1968 година во Куманово. Тој е познат македонски театарски, филмски и телевизиски актер. Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1991 година). Во 1993 година се вработува во Народно позориште – Суботица. Од 1994 до 2017 година работи во Театар за деца и младинци – Скопје. Од 2017 е член на Драмски театар Скопје. Павловски има остварено бројни театарски и филмски улоги, а ги ...