Сто и дваесет години од раѓањето на доајенот на современото македонско сликарство Вангел Коџоман ќе се одбележат на 19 ноември со изложба во Даут пашин амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ). Кураторка на изложбата е Александра Зиновски-Вилиќ, делата се изложуваат после подолг период и ќе трае до 20 декември. Коџоман ѝ припаѓа на првата генерација академски образовани уметници, заедно со Димитар Пандилов, Лазар Личеноски и ...

Во Даутпашин амам, на 19 ноември (20 ч.) ќе биде отворена изложба посветена на доајенот на современото македонско сликарство Вангел Коџоман (1904-1994), која ќе биде реализирана по повод 120 години од неговото раѓање. Публиката ќе има можност преку неговите дела да се потсети на едно минато време забележано со вештата сликарска рака. Коџоман ѝ припаѓа на првата генерација академски образовани уметници, заедно со Димитар Пандилов, Лазар Личеноски ...