Драмскиот театар во Скопје отворањето на новата театарска сезона ќе го започне со проектот „Денови на независната продукција“. Со овој проект Драмскиот театар ја продолжува традицијата на поддршка на уметниците од независната сцена. Преку јавен повик театарот ги повикува уметниците да аплицираат за термин за изведба на претстава во продукција на независната сцена. Јавниот повик е отворен до 1 септември. Претставите од независната продукција ќе ...

Драмскиот театар – Скопје потсетува дека е во тек конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад македонски автор. На веб-страницата на НУ Драмски театар – Скопје е објавен годинашниот Конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најуспешен драмски текст од млад македонски автор на возраст до 30 години. Конкурсот ќе биде отворен до 28 февруари 2026 година. Во духот на традиционалната поддршка кон младите драмски ...