Португалија стигна до билет за СП 2026 откако избраниците на Роберто Мартинез во последното коло ја декласираа селекцијата на Ерменија со 9-1. Кристијано Роналдо не беше во тимот поради црвениот картон во Даблин против Република Ирска, но Португалците без најголемата ѕвезда ја наполнија до врв мрежата на гостите. Бруно Фернандеш одигра извонреден меч постигнувајќи хет-трик, Жоао Невеш стигна до првиот хет-трик во репрезентативниот дрес, а по ...
По неочекуваниот пораз од Република Ирска (2-0), Португалците ја совладаа Ерменија со 9-1 и обезбедија директен пласман на Светското првенство како победници во групата Ф. Хет-трик на Невеш и хет-трик на Фернандеш и по еден гол на Веига, Рамош и Консеикао беа доволни за големиот триумф на Португалците. Ова е втор пат во историјата португалската репрезентација да постигнува девет гола на еден натпревар. Таа за првпат на ваков начин ги израдува ...

