Македонската литература е збогатена со нов, необичен и несекојдневен книжевен труд на македонскот режисер, продуцент и сценарист Јани Бојаџи. Станува збор за книгата „Гледна точка“,која по својата структура и информациите што ги нуди е респективен учебник за филмот и за филмската продукција, но по својот стил секако спаѓа во доменот кој обично се нарекува беллетристика или „убаво писмо“. На промоцијата на книгата во Кинотеката на Македонија, ...
Љубителите на филмската уметност бездруго уште во првите страници на книгата на Бојаџи ќе препознаат четиво кое ќе ги инспирира на филмовите што ќе ги гледаат, а и на оние кои веќе ги виделе, да погледнат од една друга „гледна точка“. А со својот најнов филм „Рано наутро“, чиј трејлер беше прикажан на промоцијата во Кинотека во Македонија, Јани Бојаџи од филмска „гледна точка“ ќе проговори за настаните од 27 април и за нивниот бекграунд. ...