„Ние сме од Куратица, охридско. Дојдовме на карневалот во Прилеп со нашата маска. Имаме и кај нас карневалски свечености, ама се на Василица. Соработуваме со Прилеп. Нашата маска претставува доаѓањето на Тито во нашето село. Овде во Прилеп го носиме нашиот Тито, тука се и нашите селани и ќе направиме голема изведба“, вели „офицерот" Никола Аврамоски од Куратица, охридско. Прилепското здружение „Прочкари" кое ги зачувува културата и традицијата ...

Маската „Флинстонови“ на прилепското училиште „Блаже Конески“ е најдобрата и најоригинална маска на годинашниов карневал „Прочка 2023“ што по 21. пат се одржа во Прилеп. Ја понесе Гран при наградата на Карневалот. Жири комисијата во состав Кире Младеноски, кореограф, етнологот Александар Цветкоски и ликовниот уметник Тони Чатлески првото место ѝ го додели на групната маска „Адамс фемили“ од училиштето Добре Јованоски, второто место го освои ...