Денеска е 10 август (по стар стил) и се слават Светите маченици: архиѓаконот Лаврентиј, папата Сикст и другите со нив. Кога загина папата Стефан (15 август), на негово место беше поставен свети Сикст, кој беше роден како атињанин и најпрво беше философ, а потоа го прими христијанството. Во тоа време римските епископи гинеа еден по друг, така што да се стане епископ во Рим значеше да се биде предаден на смрт. Царот Декиј беше решен да го уништи ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 август. Денеска е Св. маченик и архиѓакон Лаврентиј. Времето на маченичката смрт на архиѓаконот на Римската црква Лаврентиј е годината 258. Во овој период христијаните во градот Рим се гонети особено жестоко, посебно епископите. Во текот на жестоките прогони во тоа време беше затворен и Лаврентиј. Во затворот се сретна со некој долгогодишен затвореник Лукилиј, го исцели од слепило и ...