Роберт Санчес кумуваше во поразот на Челси со катастрофален потег во раната фаза на мечот, момент кој се покажа како пресуден за натамошниот тек на првото полувреме. Голманот на Челси доби црвен картон по прекршокот кој го направи над Мбеумо и му помогна на Јунајтед да воспостави иницијатива, а иако и домаќините во продолжение добија исклучување, тоа беше при резултат 2:0. Челси машки се бореше и до крајот на натпреварот успеа да намали на 2:1, ...
Челси дојде да се надигрува на „Олд Трафорд“ и сите планови пропаднаа во вода уште во раната фаза на дербито, а причина за тоа беше црвениот картон на голманот Роберт Санчес. Чуварот на мрежата го остави тимот на цедило и Јунајтед постигна два погодоци во првото полувреме, па иако во продолжение прими еден, на крајот ја продолжи позитивната серија која трае против лондонскиот ривал на домашен терен. Јунајтед не знае за пораз од Челси на театарот ...

