Арсенал е тимот со најдобар почеток на сезоната во Премиер лигата или поточно со 16 бода е на врвот на табелата по седум одиграни кола. Ова е позицијата која „топчиите“ ја посакуваат, сакаат да бидат и по 38. коло, но за да се оствари тоа сценарио ќе мора да бидат најдобри во овој маратон. „Топчиите“ неколгу години во низа беа вицешампиони и многумина сметата дека оваа кампања може да биде нивна особено по потписот на напаѓачот Виктор Ѓокереш. ...
Се враќаат клупските возбудувања, а тоа значи дека во англиската Премиер лига ќе се игра осмото коло кое го носи вечното дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Тука има уште неколку интересни битки како Манчестер Сити-Евертон, гостинските предизвици на Арсенал и Челси против Фулам односно Нотингем Форест, а не смее да се заборави и соочувањето на Тотенхем со Астон Вила. Во пресрет на овие и сите останати натпревари некогашниот холандски ас ...

