Општина Бутел подготвува роденденска недела и голема забава по повод 20 години од нејзиното формирање. Настаните, кои ќе се одржуваат на повеќе локации во Општината, ќе започнат в петок, а ќе завршат на 14 јуни. – Во овој период ќе организираме голем број забавни и спортски манифестации за сите генерации, со акцент на нашите најмали жители, на нашата иднина – соопштија од Општина Бутел, од каде што наскоро ќе ги соопштат деталите за големата ...
Општина Бутел ги поканува граѓаните на сите настани кои ќе се одржат по повод 20 години од нејзиното основање. Одбележувањето на роденденот, Општината го започна во саботата со најпопуларниот 3×3 баскет турнир во Република Македонија на добро познатата локација на кошаркарското игралиште во ООУ „Ацо Шопов”, а големото финале беше во недела. Утре, првпат ќе се организира и детска трка на 300 метри за најмалите жители на која сите ќе бидат ...