Адинг АД Скопје во првите девет месеци од годинава има добивка пред оданочување од 55.683.000 денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Во споредба со истиот период лани истата е зголемена за 20,9%. Вкупните приходи за овој период изнесуваат 415.638.000 денари и истите бележат раст од 8,6%, а вкупните расходи изнесуваат 359.469.000 денари, и споредено со истиот период минатата година бележат зголемување од 14,3%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Раст на ...

Скопски пазар АД Скопје за периодот јануари – септември 2024 година остварил добивка од 352.015 илјади денари, што преставува зголемување од 347% во однос на истиот период од минатата година, информираа од таму преку Македонската берза. Остварени вкупни приходи за овој период изнесуваат 550.030 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 година бележат зголемување од 110%. Вкупните расходи изнесуваат 198.015 илјади денари ...