„Непристоен предлог е бидејќи во историјата имало моменти кога и такви предлози биле во оптек и се разбира дека тие не биле добредојдени. За да предлагате вие балкански федерации и слични модели треба да негувате и да манифестирате почит кон соседите, елементарна почит. Тоа значи да го признавате другиот, да ја признавате посебноста, да го третирате како рамноправен. Впрочем тоа е суштината на Договорот за ЕУ, на Лисабонскиот договор, во ...
Ова е непристоен предлог. Намерата не е чесна, намерата не е заради почит. Обратно. Намерата вака да се искаже едностранo, всушност значи непочитување, значи непризнавање. Тогаш мојот коментар е дека фрустрации се во прашање. Изјави синоќа во емисијата за или против претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, коментирајќи ја изјавата на лидерот на бугарската партија „Преродба“, Костадин Костадинов, за припојување на Македонија и на украинската ...