Милан во зимскиот преоден рок ќе се засили со десниот бек на Манчестер сити, Кајл Вокер. Англискиот репрезентативец побарал од клубот да си замине во јануари, бидејќи му треба нов предизвик во кариерата. Вокер, кој има 34 години се договорил со Милан и ќе се пресели на „Сан Сиро“ како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, a потоа Италијанците ќе имаат опција да го откупат неговиот договор. Десниот бек игра за „граѓаните“ од летото 2017 година ...

Кајл Вокер го договорил трансферот во Милан, тврди специјалистото за трансфери Фабрицио Романо. Пеп Гвардиола неодамна потврди дека Кајл Вокер побарал да го напушти Манчестер Сити и како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во Милан. Имаше различни приказни, медиумите ја споменуваа и Саудиска Арабија, но Вокер реши да остане во Европа. Тој ќе замине во Милано на позајмица, а италијанскиот клуб ќе има опција да го откупи неговиот договор ...