Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, стана прв кошаркар во историјата на НБА што постигнал 50.000 поени во регуларниот дел од сезоната и во плејофот, известува Анадолу. На Џејмс тоа му успеа постигнувајќи тројка во првата четвртина од дуелот на Лејкерси против Пеликанс на домашен терен, во кој Лејкерси победија со 136:115. Sвездата на ЛА Лејкерс го предводеше својот тим до победа, завршувајќи го натпреварот со 34 поени, осум скока и ...
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс се искачи на второто место по број на одиграни натпреварите од регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата. Лејкерси ноќеска го победија Далас маверикс на гости (112:97). Четириесетгодишниот Џејмс на теренот мина 36 минути, постигнувајќи 27 поени, седум скока и три асистенции. Овој натпревар беше негов 1.561. во регуларниот дел од сезоната на НБА. Во овој показател, Џејмс го надмина Карим Абдул-Џабар ...