Минималната плата од 24.379 денари (395 евра) конечно легна на сметките, но Македонија остана последна во регионот. Дури и Албанија сега има повисок минималец – 402 евра, додека Србија, БиХ и Црна Гора одамна нè претекнаа со над 450, 600 и 800 евра соодветно. Според Синдикатот, над 25.000 лица примаат минимална плата, а 10.000 работат за помалку – што е кривично дело. Проблемот со платите „во плик“ ја чини државата околу 250.000 евра годишно во ...

Во вторникот (15 април) истече законскиот рок до кога требаше да биде исплатена новата покачена минимална плата од 24.379 денари нето. Станува збор за минимална плата за редовна работа без изостаноци во месецот, иако во некои компании се исплаќаат и додатоци и надоместоци на плата, како што се минат труд, прекувремена работа и слично. Инаку, до 9 април, вкупно 59.681 даночни обврзници веќе поднеле МПИН пресметки за месец март, покажуваат ...