Некои автори пишуваат хитови. Единствениот Кире Костов, напиша историја. Во негова чест, на 11 ноември во НОБ ве каниме да бидете дел од незаборавно музичко патување, да ги слушнеме неговите безвремени композиции. Неговата музика е вткаена во нашите животи – во радоста и тагата, во љубовта и смеата, во солзите и разделбите. Повеќе од 700 песни, но уште повеќе неброени моменти што живеат преку неговите ноти. Ова ќе биде вечер кога ќе оживеат ...

На 11 ноември од 20 часот во Националната опера и балет ќе се одржи концерт во чест на легендарниот композитор Кире Костов насловен „Летај галебе“, објави „Баги комуникации“. На концертот ќе се пеат најголемите хитови на Костов, со голем оркестар. „Ќе настапат пеајчи со кои Кире соработувал низ годините, а и млади пејачи кои ги пеат неговите песни на нивните настапи. Оркестарот е составен од повеќе професионални музичари, а ќе диригира маестро ...