Проблемите за Ерик Тен Хег на кормилото на Манчестер Јунајтед се чини дека немаат крај. Тимот имаше ужасен почеток на сезоната и моментално се наоѓа на 14-тото место на табелата во Премиер лигата, а „црвените ѓаволи“ практично се без победа од средината на септември, кога последен пат го победија третолигашот Барнсли со 7-0. Проблемите со повредите веќе се секојдневие на „Олд Трафорд“ и продолжуваат да се множат, но се чини дека нема решение. ...

Откако Томас Тухел, кој беше прогласен за најверојатен наследник на Ерик тен Хег во Манчестер Јунајтед, беше именуван за селектор на Англија, медиумите на Островот прогласија нов фаворит за оваа функција доколку Холанѓанецот добие отказ. Според медиумот „Дејли мејл“, станува збор за менаџерот на Брентфорд, Томас Френк. Поволно за работата на Данецот се изјаснија и Хосеп Гвардиола, Јирген Клоп и Микел Артета, кои предвидоа дека е само прашање на ...