Охрид, 1. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 31-ви август 2024 година, во 14:00 часот на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 30-годишно лице од Охрид, кое претходно физички нападнал 23-годишен охриѓанец и со неговото возило го оштетил мотоциклот кој го управувал. – По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај) извор: МВР фото: ОхридПрес ...

Охрид, 2. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 1. септември 2024 година, околу 01:30 часот на крстосницата од улицата „Распаќе“ со булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 45-годишно лице од Охрид затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. – По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: ...